Баерн Минхен му понуди нов договор на Гнабри

Според весникот „Билд“, Баерн Минхен му понуди нов договор на крилниот напаѓач Серж Гнабри. Предлогот на Баварците е плата од 17-19 милиони евра по сезона. Клубот нема намера за нов предлог доколку Гнабри одбие да го прифати предложеното.

Актуелниот договор на 26-годишниот Германец истекува следното лето и тој ќе може да замине како слободен играч.

Интерес за Гнабри покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и гигантот Реал Мадрид.