Баерн Минхен подготви 100 милиони евра за купување на Осимен
Шампионот на Германија Баерн од Минхен е подготвен да издвои 100 милиони евра за ангажман на напаѓачот од Наполи, Виктор Осимен.
Баварскиот тим се спрема за заминувањето на најдобриот стрелец на екипата, Роберт Левандовски кој посакува трансфер во Барселона, па така на Осимен се гледа како на ново решение за нападот.
Нигерискиот напаѓач минатата сезона постигна 18 гола за Наполи, на 32 натпревари, но пропушти голем број на мечеви поради повреда. За својата репрезентација Осимен има одиграно 22 натпревари и успеа да постигне 15 погодоци.