Баерн Минхен преговара со голманот Трап

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека челниците на фудбалскиот клуб Баерн Минхен се заинтересирани за голманот на Ајнтрахт, Кевин Трап.

Раководството на баварците е во интензивна потрага по искусен голман кој ќе го замени повредениот Мануел Ноер, кој заработи сериозна повреда на скијање и неговата сезона е завршена.

Според Билд, претставници на Баерн веќе оствариле контакт со голманот Трап, а официјалните преговори би требало да започнат следниве денови. 32-годишниот голман својата кариера ја започна во Кајзерслаутерн, од каде во 2012. година замина во Ајнтрахт. Подоцна тој бранеше за ПСЖ, но во 2018.година повторно се врати во редовите на Ајнтрахт Франкфурт.