Баерн Минхен со најногу продадени дресови во 2021 година
Според истражувањето на агенцијата Еуромерика Спорт Маркетинг, која е официјален партнер на ФИФА, екипата на Баерн Минхен во 2021 година продала 3 милиони и 250 илјади фудбалски дресови, со што го држи првото место во светски рамки.
На второ место се наоѓа најтрофејниот клуб на светот, Реал Мадрид со бројка од 3 милиони и 50 илјади дреса, додека на третата позиција е Ливерпул со 2 милиони и 450 илјади.
Топ 10 клубови по продажба на дресови во 2021 година
- Баерн Минхен – 3.250.000
- Реал Мадрид – 3.050.000
- Ливерпул – 2.450.000
- Манчестер Јунајтед – 1.950.000
- Јувентус – 1.420.00
- Барселона – 1.340.000
- Челзи – 1.310.000
- Борусија Дортмунд – 1.222.000
- ПСЖ – 1.180.000
- Манчестер Сити – 1.087.000