Баерн Минхен ќе проба да го ангажира Хари Кејн
Скај Германија пренесува дека фудбалскиот клуб Баерн Минхен на крајот од сезоната ќе проба да го доведе капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.
Од Раководството на минхенскиот клуб веруваат дека можат да го убедат капитенот на англиската репрезентација да се пресели во Баерн, кој секоја сезона се бори за трофеи во Бундеслигата и Лигата на шампионите.
29-годишниот Кејн е играч на Тотенхем од 2009.година, а за клубот одиграл 401 натпревар и постигнал 258 голови.
Евентуалниот трансфер на Хари Кејн во Баерн Минхен би изнесувал околу 100 милиони евра.