Баерн нема да се вклучи во наддавање за Хари Кејн
Баерн Минхен нема да влезе во трката за потписот на Хари Кејн, иако медиумите тврдеа дека Баварците се најсериозен кандидат.
Ули Хенес во разговор со „Скај Спорт“ истакна дека баварскиот гигант не планира да плати 100 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец. Кејн сака да си замине следното лето од Тотенхем затоа што сака да игра за клуб каде ќе освојува титули.
„Јас можеби би сакал Баерн да плати 100 милиони евра за фудбалер, но тоа е невозможно. Кејн има речиси 30 години. Тотенхем лани за него одби 160 милиони евра од Манчестер Сити“, вели Хенес.
Во моментов како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед, кој наводно е спремен да ја плати споменатата сума.