Баерн одбил астрономска понуда за Павловиќ

Александар Павловиќ во текот на летниот преоден рок бил мета на сериозен интерес од Манчестер Сити, кој бил подготвен да плати неверојатни 100 милиони евра за младиот фудбалер на Баерн Минхен.

Според информациите, англискиот гигант бил исклучително заинтересиран за Павловиќ, но Баерн немал намера да го пушти еден од своите најважни млади играчи. Германскиот клуб ја одбил понудата и ставил до знаење дека неговата иднина е во Минхен.

Одлуката на Баерн дополнително покажува колку високо во клубот го ценат 22-годишниот фудбалер. Павловиќ е производ на академијата на баварскиот клуб и постепено се претвори во важен дел од првиот тим.

Особено впечатлив е односот на самиот фудбалер кон Баерн. И покрај интересот од еден од најмоќните клубови во Европа, Павловиќ не покажал желба да го напушти „Алијанц Арена“.

Српскиот репрезентативец веќе се наметна како стандарден првотимец, а во Баерн гледаат фудбалер околу кого може да се гради иднината на тимот.

Павловиќ воедно е еден од младите играчи кои во последниот период добија значајна улога во германската репрезентација. Неговите настапи го привлекоа вниманието на голем број европски клубови, но Баерн со одбивањето на понудата од 100 милиони евра испрати јасна порака дека не размислува за негова продажбa.