Баерн подготвува нов договор за Нојер
Баерн Минхен има за цел да го продолжи договорот со својот голман Мануел Нојер до летото 2026 година, пренесуваат германските медиуми.
Актуелниот договор на поранешниот капитен на Германија е до крајот на актуелната сезона. Баварците, сепак, ќе мора брзо да дејствуваат бидејќи клубови од Саудиска Арабија и американската МЛС се заинтересирани за можноста да го привлечат легендарниот голман, подготвувајќи атрактивни понуди за голманот.
Останува нејасно дали Нојер е подготвен да ја продолжи кариерата на „Алијанц Арена“ или ќе го напушти Баерн во потрага по нова авантура во странство на крајот од кариерата.
Нојер игра за Баварците од летото 2011 година, кога беше купен од Шалке 04 за 30 милиони евра и оттогаш забележа 524 настапи за клубот.