Баерн покажа интерес за Баркола и Нико Вилијамс

Баерн Минхен го засилува интересот за нов лев крилен напаѓач ова лето, при што ѕвездата на Пари Сен Жермен Бредли Баркола и сензацијата од Шпанија, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, се нивни главни цели. 

Францускиот крилен напаѓач Бредли Баркола стана „главна цел“ на Баерн Минхен за левото крило. 22-годишниот имаше извонредна сезона во ПСЖ, постигнувајќи 21 гол и 18 асистенции, играјќи клучна улога во домашните и европските успеси на клубот. Тешко ќе биде да се оствари овој трансфер, но Баерн активно ќе се обидува да го потпише 22-годишниот Французин. 

Обезбедувањето на потписот на Баркола нема да биде лесно. ПСЖ не сака да го продаде и го вреднува Баркола на повеќе од 84 милиони фунти, и се очекува да побара висока сума за трансфер.  

Ако Баерн не успее да го донесе Баркола, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао се смета за најдобра алтернатива. Вилијамс, кој има откупна клаузула од 60 милиони евра, е високо ценет од спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд. Сепак, неговите високи плати – може да бидат голема пречка. Разговорите со Вилијамс се интензивирани последниве денови, но неговите финансиски барања се уште се проблем. 

Трансферот на Баркола или Вилијамс зависи од иднината на сегашните крилни напаѓачи на Баерн, Лерој Сане и Кингсли Коман, чии ситуации сè уште не се разјаснети. Баерн мора да се ослободи од барем еден од нив за да направи место за ново засилување. Во меѓувреме, клубот ги следи и другите опции, како Каору Митома, Рафаел Леао и Коди Гакпо, во обид да го засили нападот пред новата сезона.