Баерн постигна согласност за нов договор на Кимих
Џошуа Кимих ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен. По неколкумесечни шпекулации на оваа тема, универзалниот фудбалер е подготвен да потпише нов договор со германскиот гигант.
Договорот ќе биде 5 години, а платата на Кимих ќе се зголеми двојно. Во моментов, германскиот репрезентативец добива 10 милиони евра, но со новиот договор неговата плата ќе биде еднаква на онаа на Томас Милер и Мануел Нојер, а само Роберт Левандовски ќе добива поголема плата.
Самиот Кимих никогаш немал намера да го напушти Баерн. За него цело време приоритет беше да се договори со клубот за нов договор. Последниот дел од разговорите ќе се одржи во понеделник. Минатата сезона, Кимих одигра 27 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи 4 гола и 10 асистенции.