Баерн по никоја цена нема да се раздели со Канаѓанецот Дејвис

Фудбалерот, Алфонсо Дејвис, кој имаше одлична сезона во дресот на Баерн Минхен, нема да биде ставен на трансфер листата иако за неговите услуги е заинтересиран составот на Реал Мадрид.
Брзоногиот бек во претходната сезона одигра 38 мечеви со ефект од три гола и осум асистенции. Неговиот договор е до јуни 2025 година а трансферната сума се проценува на околу 70 милиони евра.
Одредени извори тврдат дека 22-годишниот канадски дефанзивец нема да го напушти германскиот состав.