Баерн по секоја цена го сака Нико Вилијамс

Нико Вилијамс долго време е интересен за многу големи клубови низ Европа.

Барселона, минатото лето беше заинтересирана за овој млад фудбалер, кој се премисли во последен момент и реши да остане во Билбао. Наводно Арсенал сериозно е заинтересиран, а сега во трката се вклучил и Баерн.

Според германски „Билд“, шпанскиот фудбалер бил скаутиран од директорите на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, за време на натпреварот против Франција, во Лигата на нации.

Олеснителна околност за Баерн треба да биде откупната клаузула за Вилијамс, која не е поголема од 60 милиони евра, што за гигант како клубот од Минхен не би требало да биде проблем.

Овој крилен напаѓач одигра 29 натпревари за Атлетик Билабо минатата сезона, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.