Баерн пред потпис со Чави Симонс од ПСЖ
Ѕвездата на холандската репрезентација, Чави Симонс најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, објави „Билд“.
Чави Симонс имаше одлична сезона на позајмица во РБ Лајпциг, па го привлече вниманието на големите клубови.
Последните информации се дека го избрал Баерн Минхен и постигнал комплетен договор со Баварците.
21-годишниот играч од средниот ред е во сопственост на ПСЖ, кој сака да го задржи, но самиот Холанѓанец сака да остане во Германија. Баерн започнал преговори со ПСЖ за да најде заеднички јазик за трансферот.