Баерн пријави рекордна заработка од скоро милијарда евра

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден промет од речиси една милијарда евра за изминатата сезона.

Информацијата беше објавено за време на Генералното собрание на баварскиот гигант на кое на Херберт Хајнер му беше доделен нов мандат како претседател на клубот.

Извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен изјави дека Баерн остварил промет од 978,3 милијарди евра за сезоната 2024/2025, што е зголемување од 2,8 проценти во однос на 951,5 милиони евра една година претходно. Според извештајот, Баерн имал нето добивка од 27,1 милиони евра за тој период.

„Баерн останува финансиски стабилен, на добар пат во однос на спортот и обединет како тим. И покрај некои турбулентни времиња и трансфер пазарот што достигнува нови височини, повторно постигнавме рекорден промет и профит. Ова покажува колку е невообичаено моќен овој клуб. Баерн е стабилен и не троши повеќе отколку што заработува. Тоа е нашата филозофија“, истакна Дрисен.