Баерн размислува за Жозе Мурињо како нов тренер

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Макс Еберл, веднаш ги коментираше гласините за евентуален ангажман на Жозе Мурињо кој по заминувањето од Рома остана без клуб.

„Сега има повеќе од четири имиња на нашата листа. Наша задача е да размислиме сè, така што има и многу необични кандидати. Што мислам за Мурињо? Секако, размислуваме за тренери кои во моментов се на располагање. Засега, дури и не знам ништо за тоа колку добро зборува германски“, изјави Еберл.

Мурињо беше тренер на Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леирија и Бенфика.