Баерн се вклучи во трката по капитенот на Кристал Палас

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен се подготвува да се вклучи во трката за потписот на еден од најдобрите централни бекови во Премиер лигата, Марк Геи, јавија денеска германските медиуми.
Дваесетипетгодишниот Геи нема намера да го продолжи договорот со лондонски Кристал Палас, кој истекува во јуни следната година што значи дека ќе може да се пресели во нов клуб без обесштетување.
Според трансфер правилата, Геи може да преговара со потенцијален нов клуб од 1 јануари, а германските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, планира идниот месец да разговара со англискиот репрезентативец.
Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, исто така, се заинтересирани за Геи, кој дојде во Кристал Палас во летото 2021 година од Челзи во трансфер вреден 23 милиони евра.