Баерн се вклучи во трката по Рафаел Варан
Рафаел Варан во последно време се помалку добива шанса за игра за
кај Ерик Тен Хаг и во главно е на клупата за резерви.
Французинот веќе донел одлука да го напушти „Олд Трафорд“ во
јануари, а Јунајтед е спремен да го пушти доколку пристигне понуда
од 20 милиони евра. Варан има богати понуди од Саудиска Арабија,
но сака да остане во Европа и да игра врвен фудбал.
Последните информации се дека силен интерес за него покажува
Баерн Минхен, кој бара засилување во одбраната.
Баерн нема да има проблем да ја плати бараната сума и наскоро ќе
почне преговори со агентот.