Баерн се предомисли и го сака Тухел на клупата и следната сезона
Раководството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се
раздели со Томас Тухел на крајот на сезоната, но имаше големи
потешкотии да најде нов тренер.
Откако Баварците добија „корпа“ од Чаби Алонсо, Ралф Рангник и
Јулијан Нагелсман, се чини дека сега најголеми шанси има
актуелниот тренер, Томас Тухел. Во клубот почнаа да размислуваат за
продолжување на соработката со Тухел и покрај тоа што претходно
му соопштија дека во јуни ќе се разделат.
Германските медиуми денеска објавија дека под притисок на голем
број на фудбалери меѓу кои и Милер, Кејн и Нојер, спортските
директори на клубот Макс Еберл и Кристоф Фројнд го смениле ставот
и денес имале средба со агентот на Тухел.
Последните информации се дека двете страни постигнале договор за
продолжување на соработката и Тухел сигурно останува во Баерн
Минхен.