Баерн со ултиматум за Левандовски: Или нов договор или продажба

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да го смени тимот ова лето, соопшти „Билд“.

Според изворот, клубот од Минхен планира да го продаде играчот на лето доколку не се согласи да го продолжи договорот со него. Актуелниот договор на Полскиот интернационалец со Баерн е со важност до летото 2023 година.

Да потсетиме дека Левандовски ја доби наградата за најдобар играч во 2021 година според ФИФА. Роберт стана најпродуктивниот играч во изминатата година со неговите 69 гола на 59 натпревари за Баерн и Полска. Роберт Левандовски постигна 43 првенствени гола, 11 во Лигата на шампионите, 2 во германскиот Суперкуп, 2 на Светското клупско првенство и 11 за Полска.

Баерн е водечки во германската лига. Избраниците на Јулијан Нагелсман имаат 46 бодови на 19 првенствени натпревари. Борусија Дортмунд е на второто место со 40 бодови.