Баерн спремен да го доведе и Џонатан Тах од Баер Леверкузен

Со заминувањето на Чаби Алонсо се очекува да си заминат и најголемите ѕвезди на Баер Леверкузен.
Вчера се шпекулираше за договорот на Флоријан Вирц со Баерн Минхен, а Баварците истовремено решија со сите сили да тргнат и по Џонатан Тах.
Договорот на дефанзивецот истекува на 30 јуни и ќе биде слободен во изборот на нова средина, а иако зимоска договори сè со Барселона, Каталонците се повлекоа од преговорите.
Откако Роналд Араухо остана, а Ерик Гарсија значително ја подигна формата и го доби довербата на Ханси Флик, и поради бројни финансиски проблеми, Каталонците ги стопираа преговорите со германскиот дефанзивец.
Баерн со сите сили се обидува да го убеди да дојде во Минхен, особено откако Ерик Дајер договори трансфер во Монако.
Во Минхен сметаат дека Вирц и Тах се совршени засилувања и главни цели за сезоната 2025/26 и во голема мера работат на потписот на двајцата.