Баерн спремен да го одврзе ќесето за Виктор Осимен
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2023/02/osimhen-1024x805.jpg)
Првите луѓе на Баерн Минхен планираат во текот на летото да испратат рекордна понуда за фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, објавија дел од медиумите во Германија и Италија.
Откако Баварците не успеаја да пронајдат вистинска замена за Роберт Левандовски кој замина во Барселона,луѓето од Минхен стапиле во контакт со агентот на напаѓачот на Наполи и понудиле 120 милиони евра за неговиот потпис.
Осимен во сезонава е лидер на листата на стрелци во Серија „А“. Интернационалецот од Нигерија постигна 14 голови.