Баерн спремен да го одврзе ќесето за Виктор Осимен

Првите луѓе на Баерн Минхен планираат во текот на летото да испратат рекордна понуда за фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, објавија дел од медиумите во Германија и Италија.

Откако Баварците не успеаја да пронајдат вистинска замена за Роберт Левандовски кој замина во Барселона,луѓето од Минхен стапиле во контакт со агентот на напаѓачот на Наполи и понудиле 120 милиони евра за неговиот потпис.

Осимен во сезонава е лидер на листата на стрелци во Серија „А“. Интернационалецот од  Нигерија постигна 14 голови.