Баерн ја одби првата понуда за Де Лихт

Манчестер Јунајтед прави се за ова лето да не ангажира барем уште еден стопер.
По доаѓањето на Лени Јор од Лил, желба на англискиот клуб е дефанзивецот на Баерн Матијс де Лихт, но се чини дека нема да биде така лесно.
На адреса на Баерн конечно стигна понуда од Олд Трафорд, таа е 35 милиони евра, но Баварците категорично ја одбија.
Медиумите на Островот претходно објавија дека Де Лихт постигнал договор со Јунајтед во однос на личниот доход. Она што го бара Баерн е 50 милиони плус бонуси, па Јунајтед засега е доста далеку од тоа.
Германскиот новинар Кристијан Фалк најавува дека преговорите ќе продолжат бидејќи и Де Лихт сака да премине во редовите на клубот каде има многу сонародници.
Освен менаџерот Ерик тен Хаг, кој своевремено го тренираше во Ајакс, има и цел професионален тим со Руд ван Нистелрој, Рене Хаке и тренерот на голманите Јеле тен Рувелар.