Баерн ја одреди цената за Мусиала
Баерн Минхен сака да го задржи еден од своите најдобри фудбалери, но не по секоја цена – Мусиала би можел да замине ако некој клуб ги исполни поставените услови од баварскиот гигант.
Според информациите англиските и германските медиуми, Баерн може да го пушти Мусиала за сума од 140 милиони евра.
Ќе потсетиме, Мусиала има договор со Баерн до 30 јуни 2026 година, а германските медиуми пренесуваат дека тој сака да го продолжи договорот, но бара и неделна плата од 350.000 евра. Во Баерн сметаат дека тоа е премногу, но сепак ништо не е готово.
Наводно тие одредиле цена и спремни се да преговараат. Со Мусиала досега се поврзуваа Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.
Кариерата Мусиала ја започна во Челзи, а во Баерн пристигна во 2019 година и за клубот од Минхен одигра 167 натпревари во кои постигна 45 гола.