Баерн ќе го продаде Толисо и ќе го доведе Нојхаус

Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е најголема желба на новиот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Младиот стратег сака да направи реконструкција во средниот ред откако седна на клупата на Баерн Минхен, а прва желба е Нојхаус.

23-годишниот играч за врска блеска во дресот на Менхенгладбах, а во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра. Баварците се спремни да ја платат откупната клаузула, а трансферот ќе го финансираат со продажбата на Корентин Толисо.

Сепак, ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Германецот интерес покажуваат уште Ливерпул и Арсенал.