Бакајоко по две сезони се враќа во Милан

Милан е пред комплетирање на трансферот на Тиму Бакајоко.

Бакајоко пред две години играше на „Сан Сиро“ на позајмица, но тогаш „росонерите“ не го откупија, а минатата сезона ја помина во Наполи. Милан е во потрага по играч со неговите карактеристики да биде алтернатива за Кеси, па веќе постигнал договор со Челзи.

Французинот повторно ќе пристигне на едногодишна позајмица со право на откуп, но овој пат за многу помала сума.

„Скај Италија“ пренесува дека во следните денови Бакајоко ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.