Балардини: Ќе го тепам Пандев ако одлучи да се пензионира летово
Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, со двата гола на вчерашниот меч против Наполи во Серија А и донесе големи три бода на Џенова во трката за опстанок.
Тренерот на неговиот тим, Давиде Балардини, на шега вели дека ќе го тепа Пандев доколку реши да оди во пензија. Македонецот по дуелот изјави дека планира ја заврши кариерата по Европското првенство, но, меѓу редови ја остави вратата отворена и за уште eдна сезона.
„Со Горан планираме да ни оди добро до крајот на сезоната а потоа ако реши да се пензионира, ќе го тепам, нема да кажам на никој, ама ќе го тепам. Тој се плаши од мене“, прокоментира тренерот на Џенова со насмевка на лицето.