Балогун најнова идеја за нападот на Барса

Спортскиот директор Деко најави дека Барселона дефинитивно ќе го засили нападот со еден квалитетен играч до крајот на преодниот рок, но досега се уште нема ништо конкретно бидејќи главните фаворити за ваков трансфер не добиваат зелено светло од своите клубови.
Хулијан Алварез и натаму е член на Атлетико Мадрид, неговиот сонародник Лаутаро Мартинез е покомплицирана опција бидејќи Интер не планира да се откаже од капитенот, а на списокот опции сега е вклучен и Фоларин Балогун.
Американскиот репрезентативец е член на Монако, клуб кој веројатно нема да одбие трансфер доколку добие соодветна понуда, а Барселона би добила искусен фудбалер.
Балогун минатата сезона постигна 19 голови во дресот на францускиот прволигаш, а за него интерес покажуваа и Тотенхем, Њукасл и Астон Вила, уште две екипи кои се во потрага по засилување на напаѓачките позиции.
Американецот претходно беше член на Арсенал, но по неколку заеми, „топчиите“ решија да го продадат во Монако во 2023 година.