Балогун од Арсенал интересен за Милан

Милан е силно заинтересиран за талентираниот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.

21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона игра на позајмица со Ремс и блеска во Лига 1. Балогун до сега на 22 настапи постигна 15 гола и 2 асистенции, па покажа дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.

Тој на лето ќе се врати во Арсенал и има договор до 2025 година со „топџиите“, но Милан сака да го доведе на „Сан Сиро“ и спрема понуда.

„Топџиите“ сигурно нема лесно да се откажат од својот талент, но самиот Балогун сака да игра во клуб каде што ќе има поголема минутажа.