Баптиста се врати како тренер во Реал Мадрид

„Марка“ објави дека раководството на Реал (М) дало зелено светло за ангажирање на Жулио Баптиста како тренер и тој ќе работи во некоја од категориите во младинската академија на шпанскиот клуб.

Популарниот „Ѕвер“ своевремено дојде во Реал како напаѓач во 2005 година и за него на Севилја и беа платени 20 милиони евра, a остана на „Бернабеу“ до 2008 година.

Според „Марка“, иако не помина многу години во Реал, тој со својот однос и начинот на кој се раздели со мадридскиот состав си оставил отворена врата и останал во одлични односи со менаџментот.