Барди: Ние сме како семејство, оваа селекција има повеќе лидери
Фудбалерот на Леванте и наш репрезентативец, Енис Барди добро ја почна сезоната за својата екипа, играше на сите контролни и официјални натпревари, а против Ерменија, Исланд и Романија треба да биде главен оргханизатор на играта во средниот ред на нашата репрезентација.
„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација и за другарството кое го имаме тука. Секогаш кога ќе добиеме повик, едвај чекаме да дојдеме тука. Дел од нас доста години се заедно, 90% сме истите играчи. Добро се познаваме и знаеме што направивме низ изминатите години додека сме тука. Клучните играчи сме сите, нема тука поединци. Ова е едно семејство во кое сите сме важни. Така треба да мислиме и понатаму. Се што помина мора да оставиме зад нас и да живееме во моментов. Ерменија има многу добра репрезентација, со овој селектор променија доста работи во тимот. Но, ние ќе се фокусираме на нашата работа и што треба ние да правиме како и секогаш. Секој меч е многу важен и тежок да се победи, поразлично ништо не треба да дадеме, ние го знаеме нашиот квалитет и кои сме, само тоа да го покажеме на терен и да ги исполниме задачите на селекторот“, изјави Енис Барди.