Барди промаши пенал, Коњаспор го загуби финалето на Купот

Фудбалерите на Трабзон го освоија Купот на Турција, со победата 2-1 над Коњаспор, чии дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди.
Енис Барди е трагичар на финалниот натпреварот, од перспективата на нанвивачите на Коња. Во 58-та минута не реализира пенал при резултат 1:1. Ударот на Барди заврши во левата статива од голот на Онана.
Инаку, Трабзон водеше од 18-та минута со голот на Онуачу, а изедначи Мулека во 50-та минута. Барди потоа не реализира пенал за целосен пресврт, а казната Коњаспор ја стигна во 79-та минута кога Онуачу од пенал го постави конечниот резултат.