Барди: Чест ми е да сум капитен на Македонија
Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, во отсуство на Стефан Ристовски ќе биде капитен на екипата, на стартот од новиот циклус од Лигата на нации против селекцијата на Бугарија.
„Имаме искуство, подготвени сме да играме паметно и кога сме фаворити. Имаме победнички менталитет. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот.
Чест ми е да сум капитен, но секогаш велам дека сите сме капитени и сите во одредени моменти можеме да дадеме дополнителна вредност. Успехот на селекцијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“, изјави Енис Барди.
Натпреварот помеѓу Бугарија и Македонија се игра денес во 18 часот на стадионот во Разград.