Барела: Новинарите во Италија се кловнови

Последните 20 денови во Италија беа крајно турбулентни, бидејки беше откриен голем скандал со играчи кои ги поврзуваа со обложување на натпревари од италијанските првенства.

Дел од нив настрадаа, а за оние за кои се уште не е докажана вина, е и Николо Барела од Интер. Тој веќе најави дека ќе започне судски процес против одредени медиуми во Италија, со цел да докаже дека е невин и дека против него се води гнасна кампања.

Тој на социјалната мрежа Инстаграм објави дека ќе влезево судски спор со весникот Ла Верита, кој тврди дека Барела е поврзан со останатите во обложувачки скандал.

„Очекував да бидат посериозни од „Ла Верита“. Вие сте кловнови, молчев долг период и гледав што се пишува за мене. Никогаш не сум се обложувал во спортски обложувалници. Се грижам за моето семејство и ќе го заштитам од вакви приказни. Започнувам правна постапка против вас“, најави Барела.

Долга и широка ќе биде оваа приказна, се додека не се отплетка и не се разјаснат сите имиња кои се вметнати во скандалот.