Барела прв на листата на желби за новиот Ливерпул
Ливерпул се насочува кон играчот за врска на Интер и италијански репрезентативец, Николо Барела, пренесува „Газета дело Спорт“.
Приоритет на „црвените“ во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Клоп е токму Барела. Последните месеци скаутите на Ливерпул во неколку наврати го следеле Италијанецот и веруваат дека идеално ќе се вклопи во стилот на Клоп.
Во Интер се запознати за интересот на Ливерпул за Барела, но нема лесно да се откажат од 26-годишниот играч за врска.
Сепак, Ливерпул не се откажува и спрема понуда од 60 милиони фунти и верува дека тоа ќе ги задоволи апетитите на Интер, кој има финансиски проблеми.