Барела ќе ги одбие сите понуди и ќе потпише нов договор со Интер

Интер постигна договор со еден од своите клучни играчи, пренесе
„Газета дело спорт“. Станува збор за играчот од средниот ред Николо
Барела, чиј договор до 2026 година ќе биде продолжен за уште три
години.
Италијанскиот репрезентативец ќе добие и зголемување на годишната плата од 6 на 7 милиони евра преку лесно достижни бонуси. Веќе имало две средби меѓу претседателот на клубот, Стивен Жанг и агентот на играчот, Алесандро Белтрами во Лисабон и Ријад, а
конечен договор најверојатно ќе биде постигнат на трет состанок во
Мадрид.
Изданието открива и дека Манчестер Сити упатил понуда до
„нероазурите“ за Барела во последната недела од минатиот летен
преоден рок. Клубот го известил играчот за понудата, но тој одбил,
претпочитајќи да остане на „Џузепе Меаца“. Оваа сезона, 27-
годишниот играч за врска има 31 настап во сите натпреварувања со 2
гола и 5 асистенции.