Баркли се врати во Астон Вила и ќе биде замената за Даглас Луиз
Рос Баркли кој минатата сезона го носеше дресот на Лутон е ново
засилување за Астон Вила.
За поранешниот фудбалер на Челзи ова е враќање во клубот
каде што играше како позајмен фудбалер во сезоната 2020/2021.
Баркли настапуваше уште за Евертон, Ница, Шефилд и Лидс. Се
поврзуваше изминатите денови со Манчестер Јунајтед, меѓутоа
на крајот не излезе ништо од таа можност.
Во изминатата сезона како играч на Лутон кој испадна од
Премиер лигата постигна пет голови на 37 натпревари. Пред него
Астон Вила се засили со: Саумел Илинг Жуниор, Енцо Баренчеу,
Јан Матсен и Луис Добин.