Барнс го чека долга пауза по повредата во Шефилд
Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека новото
име во тимот Харви Барнс, поради повреда, ќе мора да паузира подолг период.
Играчот кој дојде од Лестер има повреда на стапалото и на палецот на
ногата и според првите најави ќе биде во аут неколку месеци.
„Беше на снимање. Сѐ уште треба да се реши дали ќе мора на
операција или не. Харви има многу необична повреда која ја доби без
контакт“, рече тренерот на Њукасл. Барнс на седум мечеви во
сезонава има еден гол и една асистенција.