Барони: Лацио заслужи да победи во римското дерби

Градското дерби на „Олимпико“ меѓу фудбалерите на Лацио и Рома заврши нерешено 1-1 а тренерот на лацијалите, Марко Барони, вели дека неговиот состав заслужил да победи.

„Рома не стави под притисок кога поведовме но, не создаде многу шанси. Штета што не победивме. Можеби ни недостигаше малку среќа да дојдеме до заслужена победа.

Мислам дека не попречи заморот од гостувањето во Норвешка. Навивачите беа неверојатни. Нашиот тим е млад и се развива. Играме добар фудбал“, вели тренерот на Лацио.