Барса без младата ѕвезда до крајот на сезоната
Ансу Фати веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, пишува Марка. Младата ѕведа на Барселона мораше минатата година на операција на менискусот кој го повреди на првенствениот натпревар против Бетис. Се предвидуваше дека 18-годишниот фудбалер ќе паузира неколку месеци, но оправувањето не оди според очекувањата, па Фати ќе мора на уште една операција. Марка пишува дека ситуацијата со повредата се закомплизира и дека малку веројатно е да се врати на тренинзите до крајот на тековната сезона. Крилниот напаѓач на каталонскиот клуб се надеваше дека би можел да се најде на пописот на Луис Енрике за Европското првенство, бидејќи до повредата во десет натпревари запиша пет гола и четири асистении. Веруваше дека по повредата би можел да го заслужи повикот на селекторот, но од тоа очигледно нема да биде ништо. Марка додава дека на операција, и тоа во Катар, беше и Филипе Кутињо кој има проблеми со коленото.