Барса веќе пет години носи дресови без потпишан договор
Барселона од 1998. година ги носи дресовите на Најк, а во последните пет години тоа го прави без потпишан договор.
До 2016. година славниот клуб и производителот на спортска опрема имаа договор. Потоа, меѓу нив остана само прелиминарен договор кој никогаш не е формализиран.
Причините за тоа се недоразбирањата помеѓу двете страни, потоа пандемијата на коронавирусот и изборите за претседател на Барселона. Тоа, пишуваат шпанските медиуми, доведе до недоразбирања помеѓу клубот и Најк.
Во пролетта 2016. година, Барселона под водство на тогашниот претседател Бартомеу објави продолжување на договорот со Најк до 2028. година, иако тогаш на сила се уште беше договорот според кој спортскиот бренд плаќаше фиксни 105 милиони евра по сезона, што со бонуси можеше да стигне до 155 милиони евра. Според тој договор, Најк го осигура правото на користење на брендот и огласувањето на Барселона.
Тогаш партнерите договорија дека новиот детален и, како што беше најавено, „конечен“ договор ќе биде потпишан во рок од две години. Меѓутоа, тоа досега не се случи, пет години подоцна. Ккао што пишуваат медиумите, договорот од 2016. година беше услуга на Најк кон Барселона, која уште тогаш беше во голема финансиска криза.