Барса го враќа Алексис Санчез во зимскиот преоден рок?
Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез е пред трансфер во Барселона. Тимот од Каталонија бара засилување во нападот, каде во моментов Чави на располагање ги има само Депај и Лук де Јонг.
Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот Лапорта е во завршни преговори со Интер за позајмица на Санчез до крајот на сезоната.
Чилеанецот не добива голема минутажа на „Џузепе Меаца“, а има висока плата, па Интер е спремен да се ослободи од него. Чави одлично го познава Санчез бидејќи играа заедно во Барселона, а напаѓачот нема ништо против да се врати на „Камп Ноу“.