Барса го договорила Дани Олмо за следната сезона
Барселона наводно за наредната година го обезбедила потписот на Дани Олмо. Репрезентативецот ќе стане нов играч на Барселона во 2022 година, но не потенцира дали тоа ќе се случи во јануари или во наредниот летен преоден рок.
„Дани Олмо ќе ја засили Барселона во 2022 година. Преговорите се во напредна фаза, а играчот прифатил големо намалување на платата. Не е познато дали ќе дојде во зимскиот преоден рок или летниот. Се зависи од финансиската ситуација“, вели Марио Гаридо од телевизијата „Ла Секста“.
Олмо е дете на Барселона играше за младинските селекции на овој клуб во период од 2007 до 2014 година кога се пресели во Динамо Загреб.