Барса го договори првото засилување во 2021. година
Барселона го доведува Ерик Гарсија, дефанзивецот на Манчестер Сити и тоа уште во зимскиот трансфер период. Гарсија одби да го продолжи договорот со англискиот клуб и има желба да се врати на Камп Ноу, од каде замина како 16-годишник. Барселона може на лето да го доведе како слободен играч, но каталонскиот клуб сака да го има на располагање уште во јануари поради проблемите со кои се соочува со повредени играчи. Сити од Барселона бара 10 милиони евра плус 10 низ бонуси, но на крај се согласи да го продаде 19-годишниот Гарсија за 5 милиони и уште толку во бонуси, бидејќи за неколку месеци не би добиле ништо. Гарсија се согласи на пет и пол годишен договор со Барселона, а поради финансиската криза, каталонците договорија со Сити фиксниот дел од пет милиони евра да биде платен идната година. За Сити, Гарсија одигра 30 натпревари, од кои седум во оваа сезона.