Барса го нуди Дани Олмо и пари за Халанд

Барселона е заинтересирана следното лето да го потпише фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.
Според „Ел Национал“, каталонскиот клуб има намера да му го понуди на премиерлигашот играчот од средниот ред Дани Олмо, како и парична отштета за 25-годишниот напаѓач. Олмо долго време е интересен за менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Халанд има 13 настапи оваа сезона, постигнато 17 гола и една асистенција.
Тековниот договор на Халанд со Манчестер сити е до летото 2034 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 180 милиони евра.