Барса го нуди Рафиња за Бруно Гимараеш

Барселона сериозно се приклучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.

25-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него.

Поради лошата финансиска ситиуација, Барселона не може да си дозволи да ја плати високата цена на Бразилецот, па сака како дел од трансферот да вклучи некој фудбалер.

Барселона му нуди трампа која ќе вклучува пари и Рафиња, за кого Њукасл од поодамна покажува интерес.