Барса го позајми Алења во Хетафе

Карлес Алења ќе се пресели во Хетафе на позајмица до крајот на сезоната, пренесуваат каталонските медиуми. Во договорот помеѓу двата клуба нема опција за откуп на играчот од страна на Хетафе, па сигурно ќе се врати на „Камп Ноу“ на крајот на сезоната. Алења минатата сезона шест месеци помина на позајмица во Бетис, се врати во Барселона, каде не добива голема минутажа. 23-годишниот играч за врска оваа сезона има одиграно само 170 минути, па и самиот инсистираше да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.