Барса го сака Бенџамин Павард од Баерн
Бенџамин Павард е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Барселона.
Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината. Каталонците будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.
Барселона не е задоволна од Белерин и бара нов десен бек, а Павард е на врвот на листата желби на Чави.
Меѓутоа, Барселона нема буџет за јануарски трансфери, па ќе се обиде да го донесе на позајмица со право на откуп на лето за 30 милиони евра.