Барса го сака Давид Боли од ПСЖ како одмазда за трансферот на Дро Фернандез

Медиумите од Франција пренесуваат дека Барселона го мерка 17 годишниот Давид Боли, момчето важи за еден од најголемите таленти во школата на ПСЖ, и еден од најперспективните десни бекови во Европа.

Барселона и ПСЖ не се „мирисаат“ по трансферот на Нејмар во 2017 вреден 222 милиони евра, двата клуба.

„Каталонците“ и „светците“ влегоа во нова војна во јануари кога ПСЖ го „украде“ Дро Фернандез, еден од најдобрите во школата на Барселона и го ангажираше фудбалерот од средниот ред во зделка вредна околу 10 милиони евра.

Медиумите од Франција сега пренесуваат дека Барселона подготвува одмазда за оваа зделка и го мерка 17 годишниот Давид Боли.

Тој важи за еден од најголемите таленти во школата на ПСЖ, и еден од најперспективните десни бекови, па сериозно тропа на вратата на првиот тим и „светците“ имаат големи планови за него.

Сепак, Давид Боли ги одбил сите понуди за продолжување на договорот (актуелниот е до јуни 2027).

„Светците“ веруваат дека главна причина за ова е интересот на Барселона, која со месеци внимателно ги следи неговите настапи.

Доколку Лапорта и Деко сакаат уште ова лето да го ангажираат Давид Боли, тогаш ќе треба да седнат на маса с