Барса го сака Маркос Алонсо од Челзи

Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесува „Мундо Депортиво“.
Барселона на таа позиција го има само Жорди Алба, па сака да донесе валидна алтернатива, а прва цел е Маркос Алонсо. Шпанецот е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината.
31-годишниот Шпанец на лето влегува во последната година од договорот, па и Челзи е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 12 милиони фунти, сума која Барселона е спремна да ја плати.